Quantcast
Channel: Интервјуа ⋆ IT.mk
Viewing all 396 articles
Browse latest View live

Интервју со Томо Рицов и Никола Врдољак –што да очекуваме од 11-тото издание на Викенд Медиа Фестивал

$
0
0

Наближува периодот за Викенд Медиа Фестивал кој оваа година ќе се одржи од 20 до 23 Септември во старата фабрика за тутун во Ровињ. По овој повод, Директорот на Фестивалот, Томо Рицов, и Програмскиот Директор, Никола Врдољак, ни открија кого сè ќе можеме да слушнеме и видиме на единаесеттото издание на овој најголем фестивал за комуникациската индустрија во регионот.

Дознавме дека партнери на 11. Издание на Викенд Медиа Фестивал се Франција и Германија. Можете ли да ни откриете нешто повеќе за оваа соработка?

Томо Рицов: Токму така, партнери на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал ќе бидат водечките економски сили – Франција и Германија, како претстолнини на мултикултурализмот, уметниците, интелектуалците и иноваторите. Нивните главни градови успеаа да ја искористат својата разновидност, што е клучен фактор за нивната динамичност и континуирано обновување, а токму овој соживот на навидум некомпатибилни идеи ни служеше како инспирација за овогодинешното издание на Фестивалот.

Кој од гостите ќе нè запознае со праксата во Германија и Франција?

Никола Врдољак: Дел од програмата ќе биде посветена на нашите ценети гости од Франција и Германија, кои преку заедничко учество на Викенд Медиа Фестивалот ќе го претстават единството и испреплетеноста на Европа. Конкретни имиња ќе дознаете наскоро. Нашите гости, преку предавања и панели, ќе се запознаат со најдобрите маркетинг, медиа и деловни практики на нивните земји.

Во која мера ви претставува предизвик пронаоѓањето на нови теми за инспирација секоја година?

Томо Рицов: Областите со кои се занимаваме, а тоа се пред се комуникациите и новата технологија, се развиваат со голема динамика. Со оглед на ова, инспирацијата ја пронаоѓаме насекаде околу нас. Секоја година се отвараат нови теми, или стари теми со нова перспектива, а на нас ни преостанува сето тоа да го следиме и да го претставиме на вистинскиот начин и на вистинското место. Предавачите кои до сега ги имаме во програмата се гаранција дека и оваа година можеме да понудиме информации за најновите трендови во светот.

Дали е веќе познато кого ќе имаме можност да го слушнеме во прекрасниот Ровињ?

Никола Врдољак: Оваа година повторно ќе имаме интересни говорници и гости кои со својата појава ќе го привлечат вниманието на големиот број на посетители што се очекуваат во Ровињ. Еден од нив е писателот на “Поларниот сон”, Давор Ростухар, кој ќе нѐ води низ интимните детали од неговото последно патување со кое стана првиот хрватски и 26-тиот човек во светот кој успеа да премине 1.163 километри од брегот на Антарктикот до Јужниот пол. Навистина ни е драго што еден од гостите ќе биде и Кристијан Новак, моментално најголемата ѕвезда на хрватската книжевност. Тој ќе зборува за неговите успешни романи “Црната мајка Земја“ и “Циганин, но најубав”. Исто така, од Њујорк на Викенд Медиа Фестивал ни пристигнува и Џејсон Јерциновиќ, Глобален Менаџер за маркетинг иновации во реномираната американска агенција Хавас. Сигурен сум дека сите ќе бидат воодушевени од програмата.

Викенд Медиа Фестивалот е познат и по незаборавните забави кои ги приредува за своите посетители. Каква забавна програма можеме да очекуваме оваа година?

Томо Рицов: Покрај конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа Фестивалот е познат и по одличната можност за вмрежување, како и за забавување. И оваа година во Ровињ не очекува разнолика музичка програма и дружење до доцните вечерни часови. Посетителите на Фестивалот повторно може да очекуваат забави и уживање за кои ќе зборуваат цела година.

The post Интервју со Томо Рицов и Никола Врдољак – што да очекуваме од 11-тото издание на Викенд Медиа Фестивал appeared first on IT.mk.


Интервју со победниците на ФинХакатон на Министерство за финансии

$
0
0

Неодамна се одржа Финхакатон во организација на Министерството за финансии. На натпреварот имаше два победнички тима: „Systems4Enterprise“ составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска-Стојановски и Георги Михаилов; и вториот тим во состав: Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Стоилеска, Александар Трпески и Александар Марковски.

Тимот изработи едноставна и супер корисна веб-апликација која на секој посетител му овозможува набрзина да се запознае со основните податоци на буџетот. Ги контактиравме и еве што ни кажаа за платформата.

На хакатонот, изработивте веб-страница која ја прикажува буџетската распределба. Дали може да ни кажете повеќе за проектот?

Во текот на 48-часовниот хакатон се потрудивме да пронајдеме пристап со кој на лесен и едноставен начин ќе го прикажеме буџетот на Република Македонија.

И токму тоа е нашиот проект – интерактивна веб апликација чијашто цел претставува едноставен приказ на главните компоненти од кои што е создаден буџетот како и оној поинтересниот дел за граѓанитеодносно каде и како се трошат нивните пари.

Колку ќе помогне ваквиот пристап за поголемо разбирање на финансискиот систем?

Буџетот и сега е достапен на страната на Министерството за финансии, и истот е јавен за граѓаните, меѓутоа начинот на кој што се претставени бројките е тешко разбирлив за просечниот граѓанин.
На пример, доколку сакаме да видиме колку одредена јавна институција потрошила за патни трошоци и истото тоа го споредиме со минатата година, со сегашниот приказ на податоците, треба да собираме и одземаме податоци од 3 различни документи.

Со нашиот пристап, ние во позадина се грижиме за сета оваа работа и на корисникот му прикажуваме конкретен сумарен податок.

Дополнително, во веб решението интегриравме и едукативен дел со кој што на граѓанинот му нудиме едноставен опис за целиот стручен вокабулар.

Зошто го одбравте токму овој пристап/решение?

Самата цел на хакатонот беше да се пронајде пристап/решение кое ќе биде лесно разбирливо и едноставно за користење. Нашиот пристап беше одговор на барањата на министерството и насоките на менторите, односно го направивме она што секој бизнис треба да го прави – да ги слуша потенцијалните корисници и одговори на нивните потреби.

Кој е вашиот впечаток од хакатонот? Какво беше искуството?

Најпрво, чекорот што го направи Министерството за финансии во насока на приближување на јавните финансии кон народот со еден ваков настан е чекор за поздрав. Се надеваме дека и останатите јавни институции ќе го следат овој пример, со цел да станат поиновативни и потранспарентни.

На настанот имаше одлична работна атмосфера, а низ целиот процес имавме техничка и логистичка поддршка како од менторите, така и од волонтерите кои што неуморно одговараа на сите наши прашања или барања.

Кои се плановите за иднината? Какви се плановите за понатамошен развој на решението?

Моментално сме во процес на доизработка на решението. Фокусирани сме да создадеме квалитетен продукт кој ќе ги надмине очекувањата што ги поставивме на хакатонот. Секако, за во иднина постои можноста за одредени компоненти од решението да се пренаменат и комерцијализираат, меѓутоа тоа не ни е моментален фокус.

 


ИТ.МК го контактираше и вториот победнички тим (Systems 4 Enterprise). Одговорите ќе ги објавиме веднаш штом пристигнат.

The post Интервју со победниците на ФинХакатон на Министерство за финансии appeared first on IT.mk.

Интервју со победниците на ФинХакатон на Министерство за финансии #2

$
0
0

Неодамна се одржа Финхакатон во организација на Министерството за финансии. На натпреварот имаше два победнички тима: „Systems4Enterprise“составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска-Стојановски и Георги Михаилов; и вториот тим во состав: Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Стоилеска, Александар Трпески и Александар Марковски.

Минатата недела пишувавме за еден од победниците, а ова е проектот на вториот тим. Тимот од „Systems4Enterprise“составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска-Стојановски и Георги Михаилов.

Дали може да ни кажете повеќе за проектот кој го изработивте на хакатонот?

Systems for Enterprise е компанија која е специјализирана за решенија во осигурувањето и на финхакатонот се пријавивме веднаш кога слушнавме за настанот. Барањата од министерството беа објавени непосредно пред почетокот на хакатонот. Требаше да се изработи игра, видео и веб страница. Ние решивме да направиме интегрирано решение од сите три . Иако не сме специјалисти во овие области имавме позитивен пристап и се забавувавме додека ги изготвувавме. На крај резултатот беше да добиеме две од трите награди – видео и игра.

Како и кои проблеми ќе бидат, објаснети, надминати или олеснети со ова решение?

Во моментов буџетот е напишан на над 300 страници и некаде се користени кратенки и терминологија коja што не е блиска до пошироката јавност. Целта на финхакатонот беше да се доближи буџетот на Македонија до граѓаните. Со видеата и со играта успеавме да објасниме што е мултипликативен ефект, што е дефицит, како по функционални единици се дели буџетот и тн. Секако дека нема сѐ да биде комплетно јасно, меѓутоа мислам дека по изработката на ова решение на граѓаните ќе им биде далеку појасно.

Зошто го одбравте токму овој пристап/решение?

Ја изработивме играта – “Кој сака да биде министер?”. На овој начин го стаивме крајниот корисник да биде во улога да го креира буџетот. Со ова мислам дека се учи на едноставен и сликовит начин каков е буџетот на Македонија и зошто е таков. Понатаму изработивме видео во кое што буџетот го сведовме на ниво на буџет на просечен граѓанин. Дали буџетот е 223 милијарди или 30 милијарди денари на граѓаните не им значи многу, бидејќи и двете бројки им се непоимлив големи. Затоа решивме да ги сведеме овие бројки на еден просечен македонски буџет и да ги објасниме основните поими преку нив. Решението од она што го сработивме викендот може да се види на: Makedonija.co

Кој е вашиот впечаток од хакатонот?

Министерството имаше одлична организација а секако од голема помош беа и квалитетните ментори кои што беа ангажирани за да ни помогнат. Добивме одличен простор за работа, добивме услови какви што сакавме да посакаме. Се надеваме дека овој настан ќе продолжи и го охрабрувам и министерството како и другите институции да организираат нешто слично.

Какво беше искуството?

Забавно. Пропозициите на натпреварот значеа дека треба да бидеме во министерството во текот на 48 часа со можност да излеземе само 4 часа дневно. Ова значеше дека ние таму и спиевме и јадевме и ги смислувавме концептите и ги реализиравме. Се на се, беше одлично искуство и нешто што би сакале да го повториме.

Кои се плановите за иднината?

Со завршувањето на викендот практично започна нашиот ангажман. Добивме обврска да ја прошириме играта и да направиме серија на видеа кои што се слични на првото. Во текот на минатата недела добивме и спецификација од страна на министерството и започнавме со работата. Во текот на есента во зависност од PR плановите на министерството нашиот труд ќе биде прикажан на пошироката јавност.

Какви се плановите за понатамошен развој на решението?

Добивме покана од страна на министерството за финансии да го презентираме решението на министерскиот самит кој што ќе се одржи во текот на септември во Скопје. Ги имаме авторските права за надвор од Македонија па можеби ќе направиме нешто слично во регионот.

The post Интервју со победниците на ФинХакатон на Министерство за финансии #2 appeared first on IT.mk.

ФИТР Грантови: Intelligent Network Solutions –платформа за споделувања на виртуелна реалност VirtoScope

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.



Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично, или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Компанијата се вика Intelligent Network Solutions (на кратко попозната како INS) и е основана во септември 2007-ма. Основана е од страна на Игор Пупалески и Газменд Ајруловски, што значи дека е 100% сопственост на македонски државјани. Примарна дејност е изработка на софтвер и софтверски услуги, каде што главна експертиза е изработка на ентерпрајз ГИС системи, но не е и ограничена само на тоа, туку развиваме и мобилни апликации, иновативни решенија за smart cities платформи итн. Имаме над 350 клиенти кои што користат наш софтвер во над 15 држави а меѓу највисоките референци се компании како T-Mobile, Telecom Austria, Swisscontact Zurich, ADNOC итн.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

VirtoScope претставува веб платформа за објавување и споделување на ВР (Виртуелна Реалност) содржини со предефинирана, бесплатна библиотека на содржини како 3Д објекти, 3Д сцени, 3Д рендери, 360 степени слики и видеа, за управување со и организација на ВР презентации (во живо или снимени), како и стриминг во живо на 360 степени видеа со можност на 360 видео конференции. Поедноставно, фокална точка за управување, објавување и користење на ВР содржини.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Проектот е на ниво на PoC (Proof of Concept) и најрано би бил во активна бета за 16 до 18 месеци од почетокот на развој. Со оглед на тоа дека договорот треба допрва да се потпише, точна дата на започнување на проектот допрва треба да се определи но се надеваме дека ќе почнеме веке некаде во септември.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Финансирање на иновација и сопствен продукт од овие пропорции се случува обично на еден од два начини: со барање на „seed“-фонд (обично пропратен со барање на инвеститорите за процентуално учество во сопственичка структура) или со финансирање од сопствен џеб. Бидејќи ние не сме стартап туку сме компанија која што на годишно ниво произведува повеќе од еден (а најчесто 4-5) продукти, делење на сопственичка структура со инвеститор врз база на само еден продукт не ни е опција, што ни ја остава опцијата со само-финансирање.

Лани го направивме PoC-то на VirtoScope и се решивме оваа година да побараме средства од надвор кои што ќе ги искористиме за тековни трошоци на развојниот тим, дедициран за развој на овој продукт, како и за плаќање на надворешни компании за истражување на пазарот, управување со финансии и припрема на бизнис модел како и QA/QC во соработка со факултетот за информатика во Битола. Друг дел од буџетот ќе се потроши на хардвер како графичка станица за обработка на ВР содржини или различни типови на 360 камери со кои ќе се тестира системот пред да влезе во бета.

Дали производот/услугата што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Производот планираме да го пласираме, да, и на домашниот пазар, но е дефинитивно ориентиран за надворешниот пазар каде што планираме да ги искористиме нашите конекции во Европа и блискиот исток за директна продажба на white label продукт кон големи клиенти. Во припрема е бизнис модел со висок потенцијал на комерцијализација и се надеваме дека идентификувавме пар кориснички сценарија кои што на нашите идни клиенти можат да им донесат заработка. Јасно, бидејќи станува збор за иновација и продукт кој што допрва треба да го развиеме, сето тоа зависи првенствено од успешна техничка реализација на проектот, но, ние сме оптимисти и веруваме во нашиот тим, така да би требало за година/ година и пол од денес веќе да почнеме со директна продажба.

The post ФИТР Грантови: Intelligent Network Solutions – платформа за споделувања на виртуелна реалност VirtoScope appeared first on IT.mk.

ФИТР грантови: Гигабел Компјутерс –решение за одржување и следење на работата на фискалните апарати

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигаат.



Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично; или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Гигабел-Компјутерс е компанија која дејствува во ИТ секторот, нејзини примарна дејност е развој и одржување на софтвер, со кој фирмите ќе можат на многу полесен начин да ги извршуваат своите бизнис продажби. Нашата фирма е концентрирана стриктно во изработка на софтвер кој ќе придонесе за олеснување на работата на нашите клиенти.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Бараните средства од Фондот ќе се користат за развој на Cloud fiscal management system – чија главна цел ќе биде подобрување на услугите кон крајните корисници преку транспарентно следење на сите активности кои се преземаат за одржување на фискалните апарати и исто така за реализација на нивната работа (бизнис).

Ќе се погрижиме и за одржување на тие апарати и снабдување со апарати и софтвер за потребите на компаниите.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Продуктот е во развојна фаза каде што се проверуваат сите точки од концептот и потребниот хардвер. Пилот-продуктот ќе биде достапен на почетокот на 2019 година како тест период.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Дополнителните финансии од Фондот ќе ни бидат од голема помош, најголемиот дел од нив ќе користи за развој и одржување на апликацијата. Овие средства исто така ќе придонесат освен во развивање на нови апликации, исто така ќе придонесат и за креирање на нови работни места.

Дали производот/услугата што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Производот е наменет за македонскиот пазар, но секако ќе има можност да се пласира и во регионот. Примарна целна група се поголемите корисници на фискалните апарати.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?

Со развојот на оваа алатка пред се корисниците на фискалните уреди ќе имаат многу јасна слика за тоа во каков статус им се фискалните уреди, исто така и сите други барања за било каков сервис (услуга) ќе имаат олеснувачки околности со тоа што нивните барања ќе можат да ги испратат онлајн и нема да губат време.

The post ФИТР грантови: Гигабел Компјутерс – решение за одржување и следење на работата на фискалните апарати appeared first on IT.mk.

ФИТР грантови: Webgliders со платформа за љубители на вино – Wine Tours Guru

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Webgliders е основана од Кузмановски Антонио во 2011 година во Крушево. За почеток се бавевме со нудење на услуги од областа на веб девелопмент на клиенти од Македонија и странство. Во изминатите години бројот на вработени стигна до 6, а освен ИТ услуги започнавме и со работа на свои продукти. Во 2017 ја лансиравме “When in X” платформата за резервирање на adventure услуги и тури, понудени директно од локалците. Овој продукт беше избран помеѓу 9 други светски стартапи за акселерација во Мадеира, Португалија на Madeira Startup Retreat 2018.

За поттикнување и развој на outdoor туризмот во Македонија веќе втора година по ред сме ко-организатори на outdoor фестивалот „When in Krusevo”. Во таа насока е и нашиот нов проект WineTours.guru.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

WineTours.guru е платформа за љубители на вино, преку која корисниците ќе можат да резервираат вински тури, винариите да понудат е-commerce, а на крај сите корисници да имаат социјално вмрежување во оваа област.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

За овој продукт MVP може да се очекува во текот на наредната година, кога е предвидено и мапирање на винариите од Македонија и пазарот кој е планиран за првата фаза.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

ФИТР во проектот учествува со 70%. Предвидено е со средствата да го развиеме продуктот до фаза на комерцијализација, а во последните два квартали да започнеме со првите корисници и монетзација од страната на B2C и B2B делот.

Дали производот што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Продуктот ја има зацртано Македонија како тест пазар, но целта е од почеток да започнеме со повеќе земји од Јужна Европа, каде се наоѓаат и главните играчи во винската индустрија во светот.

 

The post ФИТР грантови: Webgliders со платформа за љубители на вино – Wine Tours Guru appeared first on IT.mk.

Тестирањето на софтвер е еден од најважните процеси во создавањето на софтверскиот производ

$
0
0

Кој е Фисник Доко професионално и кое е значењето на титулата тренер за Microsoft и ISTQB обуки?

Тренер во Семос Едукација со над 20 сертификати за Microsoft курсеви (програмирање, бази на податоци и Azure), како и тренер за ISTQB курсеви за софтверски тестер. Во индустријата сум софтвер архитект со повеќегодишно искуство во дизајнирање на архитектурата, развој и тестирање на софтверски решенија.

Новите технологии се предизвик за мене, па затоа се трудам да ги следам новите трендови, моментално Big Data и Data Science.

Зошто ISTQB oбука и сертификација?

ISTQB (International Software Testing Qualifications Board) е меѓународна асоцијација од членови професионалци – софтвер тестери, кои ги креираат рамките и содржината за курсевите за софтверски тестер. ISTQB e лидер за обуки и сертификација која е меѓународно прифатена. Обуките обезбедуваат целосно и структурирано знаење на концептите на тестирање на софтвер почнувајќи од запознавање со областа, поимите, принципите, техниките, па сѐ до детално запознавање на сите фази, нивоа и типови на тестирање на софтвер.

Која е улогата на тестирање софтвер за quality assurance?

Quality assurance е фокусиран на управување на животниот циклус на софтверското решение и потврдување дали софтверот ги исполнува стандардите за квалитет. Тестирањето е дел на quality assurance. Тестирањето софтвер помага за да се увиди квалитетот на софтверот, обезбедува доверба во квалитетот на софтверот и го подобрува истиот.

Која е разликата на тестирање на софтвер во агилна и традиционална методологија?

Во традиционална секвенцијална методологија тестирањето најчесто се извршува по завршување на фазата на развој, тестерите најчесто се одвоени од програмерите и најчесто се вклучуваат во проектот покасно.

Во агилна методологија тестерот е вклучен во проектот по добивање на user сторијата, проверува дали може да се тестираат истите, учествува во естимација, заедно со програмерот пишуваат unit тестови, и потоа прави exploratory тестирање. Обемот на regression тестирање е многу поголем отколку во традиционалната методологија.

Кога мануелни и кога автоматски тестови?

Мануелните тестирања се извршуваат мануелно од страна на човек, а автоматските тестирања се извршуваат со помош на алатка, скрипта или софтвер.

Оваа одлука зависи од повеќе фактори: деталноста на спецификацијата, барањата на проектот, областа и типот на проектот, временските рокови, буџетот и интерните фактори на компанијата.
Мануелното тестирање најдобро одговара на следните сценарија: exploratory тестирање, usability тестирање и error guessing. Автоматското тестирање е најпогодно за regression тестирање, load тестирање, performance тестирање.

Какви знаења и вештини треба да поседува еден софтвер тестер?

Софтвер тестерот мора да ги знае принципите, фазите, нивоата и типовите дефинирани според силабусот на ISTQB. Треба да знае функционално и нефункционално тестирање, статично и динамично тестирање, black box и white box тестирање, дизајнирање на ефикасни тест случаи, извршување на истите, пишување детални извештаи за дефекти и exploratory тестирање.

Голема предност е ако софтвер тестерот има познавања на технологиите за развој, бази на податоци и типовите на апликации. Треба да се знаат методологиите на проектен менаџмент, алатки за управување со тестирање и алатки за нефункционално тестирање.

За успешно тестирање треба да се имаaт и следните нетехнички вештини: аналитички вештини, познавања на природата на бизнисот, јасни цели, независност, внимание на деталите, критички поглед и добра комуникација со тимот.

Каква е ситуацијата на ова поле кај нас во Македонија?

Побарувачката за софтвер тестери во Македонија последниве 2-3 години е доста голема. Имаме многу успешни приказни од слушателите кои ги посетиле ISTQB обуките, истите започнале со мануелно тестирање и потоа продолжиле и со автоматско тестирање. Поради големиот број на странски компании кај нас кои имаат многу сериозни проекти, оваа професија се извршува на високо ниво и според светските стандарди. На пазарот кај нас има повеќе простор за автоматско тестирање, затоа и има прилив од програмери во тестери.

На првата национална конференција за проектен и IT менаџмент презентираше за планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server, што беше идејата на оваа презентација?

Целта беше управување на животниот циклус на апликациите со Team Foundation Server и користење на придобивките на интегрираното множество на алатки за управување со софтверски проекти, од планирање и развој до тестирање и поставување на продукција.

Во презентацијата имавме и реална демонстрација на Team Foundation Server 2018 за агилен проект, планирање на капацитет на тестерите во тимот, креирање на тест планови, тест случаи, управување и извршување на мануелни тестови и пријавување дефекти директно од пребарувачот.

Какво знаење и сертификација е потребно за квалификувани софтвер тестери?

Квалификуван софтвер тестер освен горенаведените знаења и вештини треба да ги има и следниве: пишување на детален тест план; контролирање и мониторирање на активностите за тестирање; пишување извештаи за тестирањето; автоматизирање на тестирањето; искуство со алатки за автоматски тестови; сертификат за ISTQB Foundation Level и сертификат за ISTQB Agile tester.

The post Тестирањето на софтвер е еден од најважните процеси во создавањето на софтверскиот производ appeared first on IT.mk.

#ФИТРгрантови: Target Group –експерти во областа на управување со деловни податоци

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Ние сме експерти во областа на управување со деловни податоци.

Нашата мисија е да обезбедиме пристап до високо квалитетни деловни информации и да помогнеме на нашите клиенти да одржат стабилен степен на ризик, да го зголемат својот профит и да помогнеме при донесување на квалитетни деловни одлуки. Нашата компанија ја поседува најголемата приватна база на податоци за правни лица регистрирани во државата. Моментално Таргет Груп вработува 15 лица пред сѐ агенти за продажба на продуктот БизнисМрежа.мк, анализи на пазар, екстракти од база на податоци, сертификати за деловна успешност и слично.

Моментално имаме преку 500 задоволни корисници на нашите услуги од државата меѓу кои: банки, осигурителни компании, финансиски друштва, производители, дистрибутери итн.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Нашата компанија е препознатлива по веб платформата за пристап до бонитетни информации за сите регистрирани компании од земјата – БизнисМрежа.мк која се користи од 500 деловни корисници. Проектот за кој добивме финансиски средства ќе бидат наменети во два сегменти, првиот во развој на нови модули на бизнисмрежа.мк меѓу кои: финансии експерт – модул кој на корисниците ќе им овозможи детален увид во финансиското работење на сите правни субјекти, нивната бонитетна оцена, платежен индекс итн.

Вториот сегмент е развој на нова веб платформа која ќе овозможува нарачка на бонитетни извештаи за компании од повеќе од 150 земји. Целта на оваа платформа е да биде претставена на странскиот пазар како нова квалитетна понуда која на компаниите ќе им овозможи содржајни бонитетни информации за компании од целиот свет.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Според проект планот планираниот старт е 1-ви септември, додека целиот проект во рамките на ФИТР е предвиден да трае 24 месеци, но развојот на продуктот е предвиден да заврши до крајот на 2019-та година и тогаш очекуваме да имаме продукт достапен за јавноста.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

За да стартува овој проект најпрвин треба да се направи физибилити студија, како и студија за развој на стратегија а нешто подоцна и развој на нови модули на бизнисмрежа.мк нејзино одржување и хардвер како и развој на платформа со кредитни информации за компании од светот. Со овој проект предвидено е да бидат опфатени четири нови вработувања – финансиски аналитичари како и продажни агенти за странски пазар, воедно ќе бидат вклучени шест моментално вработени лица околу реализација на проектот. Планираните средства треба да покријат 70% од развојот на софтвер, сертифицирање за ИСО стандарди при работење, нови сервери, обуки за вработени, набавка на CRM (customer relationship management) софтвер како и спроведување на успешна маркетинг кампања потпомогната со учество на саеми, конференции и посета на клучни клиенти.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Нашиот досегашен фокус беше позиционирање на македонскиот пазар преку нашата платформа БизнисМрежа.мк. Со помош на овој грант, ќе успееме да излеземе на интернационален пазар со наша платформа со бонитетни информации за компании од цел свет. Таргет Група се сите извозно и увозно ориентирани компании од светот.

The post #ФИТРгрантови: Target Group – експерти во областа на управување со деловни податоци appeared first on IT.mk.


ИТ Кариера профил: Владимир Новачки од Cosmic Development

$
0
0

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Имав за среќа ’’од прва’’ да ми се погоди компанијата каде од практикант, надградувајќи се и преземајќи повеќе работни задачи, денес работам како CTO (Chief Technology Officer). Ова е значително поодговорна позиција која вклучува честа комуникација со клиенти, патувања и добро познавање на технологиите и процесите на развој на софтвер, развој на стратегијата на компанијата бидејќи како компанија за развој на софтвер, бизнис стратегијата во голем дел зависи и од технологијата која ја користиме.

Соработуваме со големи клиенти кои во нивната област се во топ 5 на светско ниво (LittleThingsAFVRumble, итн.). Како дел од моите одговорности, директно сум вклучен во имплементацијата на решенијата за дел овие клиенти, каде што заедно со тимовите доставуваме квалитетен продукт и допринесуваме за нивен уште поголем успех.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Комбинација од сите три. Со програмирање за прв пат се сретнав во 2001 година каде што преку книгата за деца Увод во програмирањетосе запознав со основите на програмскиот јазик BASIC. Во тоа време пристапот до интернет беше ограничен, а основните училишта не вклучуваа информатика во наставната програма. Овие околности ја ограничуваа можноста за наоѓање на квалитетен материјал за едукација (за разлика од денес). За среќа, во тоа време постоеа списанија како PC Info и Plugin кои редовно ги пратев. Преку нив се запознав со Linux, Visual Basic и генерално со принципите на визуелно програмирање.

Поради пасијата за програмирање се одлучив моето образование да го продолжам во средно училиште за информатика, каде што бев во можност посериозно да навлезам во оваа област. Таму се запознав со архитектурата на компјутерските системи, програмскиот јазик Pascal, околината Delphi, итн. Во меѓувреме самостојно изучував HTML, по што во 2002 година го изработив мојот прв веб сајт. Во тоа време го прикачував и ажурирав од скопските интернет клубови со помош на еден куп флопи дискети. Сајтот може да се прегледа на следниот линк  (потребно е да овозможите Flash во вашиот прелистувач за да можете да го прегледате).

На програмирањето му пристапив на многу повисоко ниво за време на студиите на ФЕИТ, како и моментално на магистерските студии на ФИНКИ. Тука се сретнав со напредни коцепти, почнувајќи од развој на апликации за командна линија, веб апликации, мобилни апликации, изработка на едноставни хардверски модули, па се до напреден hardware prototyping.

Откако се вработив па се и до денес, учам секојдневно преку прифаќање на нови предизвици и секако од колегите. Имаме R&D (Research and Development) состаноци каде еднаш неделно седнуваме и дискутираме за нови технологии, споделуваме искуства и ако некој има интересен проблем дискутираме како да го реши истиот.

4. Кои се 5-те сајтови кои највеќе ги посетуваш?
4.1 Reddit
4.2 Hacker News
4.3 The Practical Dev
4.4 Clubhouse
4.5 CoinMarketCap

5. Кој е твојот омилен technology stack?
LEMP

6. Омилена алатка/софтвер?
Terminal, Vim, Sublime. Преферирам едноставни работи.

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Доколку се одлучите да запливате во програмерските води бидете подготвени дека станува збор за динамична професија каде што е потребно редовно да се надоградувате за да бидете во тек со најновите технологии. До пред 10тина години доволно беше да имаме познавање од една технологија и да бидеме сигурни дека имаме обезбедена работа во наредните неколку години. Сега живееме во време каде што polyglot програмерите имаат предност во однос на останатиот кадар.

Не се приврзувајте за конкретна синтакса/програмски јазик. Фокусирајте се на концептите, структурите, алгоритмите. Имајте во предвид дека секој почеток е тежок и не се откажувајте. Потребно е време, труд, упорност и многу непреспиени ноќи но на крај успехот се исплаќа.

8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Балансирајте. Градете се додека сте на работа но и во вашето слободно време. Не се фокусирајте само на код т.е. технологија. Техничкиот дел е само едно делче од целата сложувалка која ве дефинира како личност и ја одредува вашата вредност на пазарот на труд. За усовршување на овие техники ви ги препорачувам книгите The Clean Coder и The Software Craftsman.

Бидете спремни да да кажете “не”, да се справите со конфликти, тесни рокови, притисоци и неразумни желби и барања. Користете ја креативноста, давајте иницијативи и предлози. Најбитно од се, менаџирајте го добро вашето време, одморете се кога сте уморни, но не се откажувајте. Посветете време, вреднувајте ги и градете ги луѓето околу себе во идни лидери.

Освен читање книги и гледање туторијали за сертификација, надоградувајте се и преку посета на конференции. Ќе имате можност да се сретнете и дискутирате со влијателни луѓе од индустријата, да запознаете нови колеги и дебатирате на различни теми, да учествувате во работилници итн. Споделувајте го вашете знаење и допринесете за заедницата. Бидете говорник на конференции или помали настани, пишувајте статии, учествувајте на meetup настани.

9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во…
Blockchain. Кога ќе спомнам blockchain не мислам на Bitcoin и други крипто валути. Тоа е само еден пример каде може да се користи оваа технологија. Blockchain ни овозможува безбедно да чуваме голема количина на податоци и може да биде замена за комплексни софтверски системи. Може да се користи во било која област како што се банкарство, едукација, здравство, влада итн.


The post ИТ Кариера профил: Владимир Новачки од Cosmic Development appeared first on IT.mk.

ФИТРгрантови: Книготека Фондација Македоника –Пакет за производство, продажба и дистрибуција на e-книги

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Книготека е компaнија за издавачка дејност основана во 2015 година чија главна активност е креирање готови апликативни решенија наменети за дигиталната издавачка индустрија. Светските технолошки трендови и развојот на дигиталното издаваштво овозможија основачите на Книготека да ја создадат Фондацијата Македоника и нејзината прва бесплатна дигитална библиотека во регионот. Македоника е благороден проект чија основна цел е зачувување на националното пишаното културно наследство и промовирање дела на млади, талентирани автори, книги во дигитален формат што на брз и едноставен начин стануваат достапни за бесплатно користење и читање од сите граѓани на Република Македонија, како и нашинците кои живеат во соседните држави и дијаспората. За неколку години постоење дигиталната библиотека објави преку 1.000 бесплатни дигитални наслови и се здоби со 50.000 редовни читатели од земјата и надвор од неа.

Развивајќи ја платформата за потребите на Македоника ја искористивме можноста за надградба на нашата постоечка платформа со создавање уникатно дигитално решение наменето за издавачката индустрија. Во целокупниот досегашен и иден развој на иновацијата е вклучена партнерската софтверска компанија Семос со која Фондација Македоника и Книготека имаат повеќегодишна соработка. Во текот на своето тригодишно работење, Книготека има остварено соработка со најголемата српска издавачка куќа Лагуна и со осум македонски издавачки куќи. Менаџмент тимот на претпријатието го сочинуваат: Андреа Бундалевска, Камелија Спасова, Илија Секуловски и Игор Лештар.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Иновативното решение претставува целосно интегриран софтверски пакет за производство, продажба и дистрибуција на електронски книги, наменет и погоден за најголемиот број издавачи од светот. Моделот е составен од две основни компоненти – Back Office (позадинска канцеларија) и апликација за читање за десктоп (Windos и OSX) и мобилни уреди (Android и IOS).

Позадинската канцеларија е комплексно серверско решение за администрирање на целокупното работење на дигитална продавница за електронски книги. Таа овозможува изработка на детални извештаи, групирање на книгите по жанровски категории и организација на корисниците по групи на интерес, што му овозможува на издавачот градење на квалитетна и фокусирана понуда, комплетна контрола врз административното и финансиско работење и создавање ефикасна стратегија за маркетинг и продажба.

Апликацијата за читање е конципирана да го следи највисокиот технолошки развој и да биде во рангот на најдобрите читачи на пазарот. Нејзина основна карактеристика е решението што ние го развиваме за највисоко криптирано ниво на заштита на содржините. Тоа апсолутно оневозможува било каква нелегална дистрибуција на авторските дела – проблем со кој се соочуваат и некои од големите светски агрегатори.

За ефикасна и едноставна продажба на електронските книги во апликацијата ќе биде вграден модул за плаќање со платежни картички или ваучери, што на читателите им овозможува брзо и едноставно купување на електронските книги

Паралелно со равојот на иновативното решение ќе се одвива и фазата на тестирање, а по заокружувањето на готовиот производ следува негова правна заштита, по што ќе започнат маркетиншките и комерцијални активности.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Софтверската платформа започна да се развива уште во 2013 година со создавањето на бесплатната дигитална библиотека Фондација Македоника. Во моментов, прототипот на иновативното решение е во фаза на припремна комерцијална имплементација во Република Србија во соработка со издавачката куќа Лагуна.

Проектот за кој добивме финансиски средства од Фондот ќе се спроведува во времетраење од 2 години. Изработката на производот и негова правна заштита се предвидени во првата половина од проектот додека во втората половина следува негова комерцијализација на светскиот пазар.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Бидејќи се работи за сложен и скап истражувачки и развоен технолошки процес, средствата од фондот се од огромно значење за развојот на овој проект. Најголем дел од средствата ќе се искористат за надградба и развој на нашиот постоечки софтверски систем. Дополнително ќе се искористат средства за патентирање на производот, нови вработувања, комерцијален и маркетиншки настап на светскиот пазар како и тековни деловни активности.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Потенцијални клиенти на нашето решение се сите издавачи во светот кои неизоставно мораат да го преориентираат своето традиционално работење со печатење хартиени книги и нивна продажба преку класичните канали на дистрибуција кон продажба на дигитални изданија преку интернет.

Досега, најразвиен е пазарот на електронски книги во САД, каде повеќе од 50% од тиражот е во дигитални изданија, а годишно се затвораат преку илјада традиционални книжарници. Темпото донекаде успева да го следи Велика Британија, каде дигиталните книги минатата година претставуваа 25% од вкупниот тираж. Западноевропскиот пазар на електронски книги делумно заостанува зад пазарот на англо-саксонското говорно подрачје, иако бележи постојан раст во последните години. Во развиените ЕУ држави тиражите на електронските книги веќе достигнуваат 20% од бројот на вкупните изданија. Најголемиот пазар на електронски книги е Германија, а зад неа следат Франција, Шпанија и Италија. Би напоменале дека најголемиот број од електронските изданија во овие држави се продаваат преку 5-те големи продажни агрегатори (Amazon, Nook, Kobo, iBooks i Google Books) кои овозможуваат објавување на книгите на нивниот јазик и писмо. Развојот на индивидуалните дигитални книжарници и тука е во зародиш.

Остатокот од Европа и светот се на самиот почеток во дигиталната книжарска индустрија. Издавачите од источна и јужна Европа, Африка и Азија немаат можност за продажба на своите дигитални изданија преку монополот на големите продажни агрегатори, бидејќи тие не можат да бидат објавени на нивниот јазик и писмо.

Експертите од оваа област предвидуваат дека во наредните 5-6 години насекаде во светот електронската книга ќе доминира во однос на традиционалната, а потенцијалниот пазар е огромен. Токму овој факт, како и фактот што нашето иновативно решение овозможува создавање на индивидуална дигитална книжарница со сите функционалности и текстови што можат да бидат објавени на било кој јазик, го прават нашиот производ единствен и исклучително атрактивен во дадениот момент.

Најголемо внимание Книготека ќе обрне на домашните и издавачите од регионот како и оние од источна и јужна Европа, Азија и Африка каде дигиталното издаваштво е најмалку развиено.

The post ФИТРгрантови: Книготека Фондација Македоника – Пакет за производство, продажба и дистрибуција на e-книги appeared first on IT.mk.

ФИТРгрантови: ЗОНЕЛ Софтвер -АМБИОН 2.0 иновативно решение за мониторинг на температура и релативна влажност

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

ЗОНЕЛ Софтвер е софтверска компанија основана во 1992 година. Нашите решенија се користат од страна на скоро 1800 различни корисници со профил – трговија, услуги, производство, сметководство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции. Наша специјалност се програми за сметководство, материјално и комерцијално работење со изобилство на менаџерски ориентирана извештаи за продажба. Нашите софтверски решенија не се ограничени на одредена област и затоа се применливи кај било кој тип на компанија или индустрија.

HELIX Мобилни / PDA уреди – HELIX мобилен – Мобилна продажба и наплата – за секаков вид на трговија на големо и дистрибуција до клиентите, прием и продажба во магацин, инвентар, ресторан операција.

AMBION – систем за точни и навремени мерење на температура и релативна влажност со можност на мерење повеќе точки, со големи можности за подесување во зависност од вашите потреби.

ЗОНЕЛ Софтвер има 22 вработени поделени во 4 сектори: Поддршка на корисниците, Техничка поддршка, Софтверски развој и Сектор за продажба и маркетинг. Младиот тим на ЗОНЕЛ Софтвер се состои од 5 лица со завршен економски факултет и 15 лица со завршени факултети за софтверско инженерство или електротехнички факултет.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

АМБИОН 2.0 е проект кој има за цел да развие иновативно решение за мониторинг на температура и релативна влажност врз основа на постојното решение на кое ЗОНЕЛ Софтвер работи во последниве две години. Решението одговара на потребите на корисниците на пазарите во Македонија и регионот – Албанија, Косово и Србија, а и пошироко. Има своја конкурентна предност поради својата прилагодливост и конкурентна цена споредено со цените на решенијата кој доаѓаат од главно од земји членки на ЕУ. Во проектот врз основа на истражените потреби на корисниците ќе се развие безжично решение за мониторинг на температура и влага. Исто така ќе се развие иновативна софтверска апликација која на корисниците ќе им овозможи решение кое е прилагодливо за различни индустрии од кои доаѓаат потенцијалните корисници. Во рамките на проектот ќе се имплементира иновативна стратегија за интернационализација на решението која ќе се базира на зголемена едукација на потенцијалните корисници за потребата од вакви решенија во нивното работење. Исто така ZONEL Software ќе имплементира ИСО 9001 стандард и ќе подготви Декларација за сообразност со EN 12830 Стандардот со што ќе ја зголеми конкурентноста на производот и овозможи негова продажба надвор од Република Македонија, на почетокот во земјите од регионот а понатака и во други земји од Европа и пошироко.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Во проектот се работи за надградба и развој на постојното решение кое веќе ZONEL Software го пласира на пазарот во Република Македонија и го користат неколку големи компании од секторот производство и преработка на храна, фармација и други индустрии ( Битолска Млекара, Еурофарм, Плива, Адриамед, Интерком, МЗТ Вабтек, …).

Решението кое е резултат од овој проект очекуваме да биде во фаза на комерцијализација на крајот од првата половина од траењето на овој проект значи за некои 6 до 8 месеци.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Овој проект ЗОНЕЛ Софтвер го развива во последнава година. Средствата од ФИТР ќе помогнат во побрз развој на решението и негово побрзо пласирање на предвидените пазари.

Средствата од Фондот ќе се користат за три главни активности.

  1. Технолошки развој на решението – Развој на безжично решение за мониторинг на температура и релативна влажност врз основа на постојаното решение кое функционира преку ftp кабел – Развој и подобрување на софтверското решение преку развој на протокол за безжично преземање на податоците и креирање на модул за прилагодливи извештаи за различни индустрии.
  2. Имплементација на ИСО 9001 Стандард и изготвување на Декларација за сообразност за EN 12830 Стандард
  3. Маркетинг активности – Подготовка на иновативна маркетинг стратегија за интернационализација и учество на саеми

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Со решението во прва фаза ќе се таргетираат пазарите во Македонија, Албанија, Косово и Србија. Се работи за Б2Б решение и ќе се таргетираат повеќе сектори каде се работи со производи кои се осетливи на промена на температура и влага, па и повеќе други амбиентални параметри и каде постои обврска за нивно континуирано следење.

Следниве сектори се само некои од потенцијалните корисници на нашето решение: Производство и преработка на храна, млечна индустрија, месна индустрија, фармација, болници, лаборатории, складирање на овошје и зеленчук и други.

The post ФИТРгрантови: ЗОНЕЛ Софтвер -АМБИОН 2.0 иновативно решение за мониторинг на температура и релативна влажност appeared first on IT.mk.

#CodeTalks: Интервју со Даниела Богатиноска –сениор софтвер тест инженер во Seavus

$
0
0

Овој четврток, 4-ти октомври, Seavus поворно организира ново издание на CodeTalks. Настанот ќе се одржи во Public Room, со почеток од 18:00 часот. Овој пат ќе имате можност да ги слушнете Даниела Богатиноска и нејзината презентација на тема “The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“ и Милица Панзова со “Introducing Microsoft Orleans”.

Во исчекување на нивните презентации, решивме да разговараме со Даниела и Милица за да ни откријат нешто повеќе за нив и нивната работа. Во продолжение прочитајте го интервјуто со Даниела.

Најпрво претстави се на публиката на IT.mk, која е Даниела?

Својата кариера ја започнав во Сеавус каде работам како софтвер тест инженер повеќе од 5 години. И покрај широки познавања од различни домени од областа на ИТ технологии, моја специјалност се BSS (системи за бизнис поддршка) и OSS (системи за оперативна поддршка) апликации. Во слободно време сакам да патувам и да истражувам нови места, да се дружам со пријателите и семејството.

Кажи ни повеќе за твојата професија и проектите на кои што моментално работиш во Seavus?

По завршување на студиите, се приклучив во телеком талент програмата, која што ја организираше Сеавус во тоа време, за по неколку месеци и да се вработам во Сеавус како тест инженер. Иако на почетокот се двоумев дали тоа е правиот избор за мојот професионален живот, дали да се насочам кон тестирање или програмирање, но еве 5 години подоцна можам со сигурност да потврдам дека сум го направила најдобриот избор за себе. Јас сум личност која што сака работите да функционираат правилно, а тоа е една од карактеристиките коишто тестерот треба да ги има.

Многу често луѓето имаат погрешна претстава за тоа што работи еден тестер. Најчесто мислат дека тоa е лице коешто само клика низ апликацијата, со надеж дека ќе ја “скрши”. Тоа е сосема погрешно размислување. Ние тестерите сме луѓе со специфичен начин на размислување и покрај тоа што работиме во девелопмент тим, сепак работиме за интересот на клиентот. Ние сме застапници на клиентите во тимот.

Моментално сум дел од еден од тимовите коишто работат на испорака на сервиси за еден познат европски телеком оператор. Имам работено на повеќе проекти, дел од нив биле поврзани со телекомуникациската индустрија, дел биле од друг домен. Никогаш не ми било досадно и монотоно, постојано има нешто ново, нови технологии, нови луѓе со коишто соработувам. За овие скоро 6 години  мое работно искуство, имам работено на најмалку 5 проекти. Значи зборуваме за огромни проекти, во кои што се вклучени голем број на тимови, коишто се дистрибуирани низ цел свет. Како резултат на таа соработка сретнав прекрасни колеги со кои и ден денеска комуницираме и се дружиме приватно.

Со кои предизвици се среќаваш најчесто во твојата работа?

Работењето како тестер може да има многу предизвици и многу од нив зависат од тековниот проект на кој што е алоциран, технологијата којашто се користи во него, достапноста и познавањето на алатки кои придонесуваат во олеснување на тестирањето, како и тимската работа. IT индустријата напредува со огромна брзина, па и ние исто како програмерите треба да сме во тек со сите новитети, за да би можеле да ги примениме доколку би имало потреба, се за со цел да си ја олесниме секојдневната работа.

Многу често инволвираноста на тестерите во тимот се прифаќа со негативен став и игнорирање од страна на останатите членови. Многу луѓе сметаат дека тестерите се во тимот само за деструктивни активности и за статистика, да бројат кој колку дефекти продуцирал. За мене најголем предизвик отсекогаш претставувал да им докажам на останатите членови, кои имаат размислување како погоре наведеното, дека тестерите даваат вредност во тимот уште од првиот ден. Тестерите им помагаат на останатите членови во тимот. Со тестирањето ние придонесуваме за зголемување на квалитетот на продуктот.

Кои се моменталните трендови што ги гледаш кои не беа присутни пред пет години?

Дефинитивно автоматизација на тестирањето. Автоматизацијата зазема голем замав во тестинг светот. Можеби овој тренд порано бил присутен, но не во толкава мера колку што е сега. Тестовите кои што се повторливи се автоматизираат со цел да се заштеди на време, пари и ресурси.

А, што очекуваш да се промени во наредните пет?

Вештачката интелигенција е голем тренд кој што е застапен скоро во секоја индустрија.  Очекувам дека се повеќе и повеќе ќе има влијание и во софтвер тестирањето. Но не сметам дека софтвер тестерите ќе ги снема, туку дека тестерот како улога во тимот се уште ќе постои, но неговите задачи ќе бидат помогнати и олеснети од AI ботови.

На Codetalks ќе се обидеш да ги побиеш митовите поврзани со тестирањето на софтвер. Ќе споделиш ли со нас некои од најчестите митови кои луѓето ги имаат за твојата професија?

Па некои од митовите веќе се спомнати во претходните одговори. Ви оставам на вас да ги препознаете самите. Повелете на Seavus Codetalks за да дознаете многу повеќе за нив, за   психологијата на тестирањето, тимска работа и многу други теми.

Влезот на настанот е слободен, а повеќе информации за истиот може да најдете на следниот линк.

The post #CodeTalks: Интервју со Даниела Богатиноска – сениор софтвер тест инженер во Seavus appeared first on IT.mk.

#CodeTalks: Интервју со Милица Панзова – сениор девелопер и тим лидер во Seavus

$
0
0

Овој четврток, 4-ти октомври, Seavus поворно организира ново издание на CodeTalks. Настанот ќе се одржи во Public Room, со почеток од 18:00 часот. Овој пат ќе имате можност да ги слушнете Даниела Богатиноска и нејзината презентација на тема “The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“ и Милица Панзова со “Introducing Microsoft Orleans”.

Во исчекување на нивните презентации, решивме да разговараме со Даниела и Милица за да ни откријат нешто повеќе за нив и нивната работа. Во продолжение прочитајте го интервјуто со Милица.


Најпрво претстави се на публиката на ИТ.мк, која е Милица?

Се вработив во Сеавус пред 12 години. Започнав како практикант, низ годините се стекнав со големо професионално искуство и денес работам како Senior Developer , на големи проекти кои вклучуваат комплексни софтверски решенија и компоненти. Во моментов сум Team Lead на тим што развива софтверско решение од областа на прајсинг индустријата.

Кажи ни повеќе за твојата професија и проектите на кои што моментално работиш во Сеавус?

Програмирањето е исклучитлено динамична професија. Бара постојана работа на себе во смисла на надградување на знаења и технологии. Но, најважната работа е да останеш секогаш мотивиран. Мотивацијата е двигател во процесот на градење на професионализам. Што се однесува до проектите, работев на различни проекти почнувајќи од областа на телеком, па сè до ова што го работам денес, софтвер од областа на прајсинг.

Водиш тим во Microsoft дивизијата во Сеавус, што претставува за тебе најголем предизвик при работа со таков тим?

Работата ме исполнува максимално. Најважно од сè ми е колегите од тимот да останат мотивирани и да поcтои атмосфера каде тие ќе се чувствуваат слободни да го дадат своето мислење. На овој начин се создава средина која е добра за нови идеи, начини на размислување и ја храни креативноста.

Твоето работно искуство вклучува и работа во странство за телеком компании како Tele2, зошто одлучи да се вратиш во Македонија и да работиш токму во Сеавус?

Всушност Tele2 беше мојот прв проект во Сеавус. На овој проект започнав како практикант, а потоа заминав onsite неколку месеци. Сеавус ми даде можност да го искусам работењето onsite. Можноста да се комуницира директно со клиент беше голем предизвик за мене и благодарение на тоа успеав да ги издигнам моите комуникациски вештини.

Кои се моменталните трендови што ги гледаш кои не беа присутни пред пет години?

Од причина што очекувањата на корисниците денес се зголемуваат сè повеќе и е сè поважно новите решенија да се забавни и интуитивни и нивната содржина да биде достапна насекаде, во реално време, и се разбира на мобилни уреди, имаме сè поголем број на нови програмски јазици како и Framework-ци. Моментално меѓу популарните Web девелопмент трендови се: JavaScript frameworks and libraries, SPA based on JavaScript, Progressive Web Apps, E-commerce.

А, што очекуваш да се промени во наредните пет?

Вештачката интелегенција зема сè поголем замав. Забележавме како chatbots базирани на вештачка интелигенција добија неверојатна популарност во 2017 година. Исто така тука е и приказната како Фејсбук ботови измислиле сопствен јазик додека комуницирале едни со други. Оваа приказна покажува дека сме на прагот на нови трансформации. Chatbots создадени врз основа на вештачка интелигенција и нервните мрежи дефинитивно ќе продолжат да се развиваат.

Влезот на настанот е слободен, а повеќе информации за истиот може да најдете на следниот линк.

The post #CodeTalks: Интервју со Милица Панзова – сениор девелопер и тим лидер во Seavus appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: Intertec –компанија која нуди комплетен развој на продукти

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Официјалното отворање на компанијата е во Март 2015 година.

2. Од кого е основана компанијата?
Intertec е 100% македонска компанија основана од Димитар Силјановски, наш иселеник во Германија кој живее и работи во Минхен.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Од самото основање компанијата работи како стратешки партнер на Global Savings Group, фирма основана од Deutsche Telekom, Rocket Internet, HV Holtzbrinck Ventures и други познати инвеститори од Германија.
Продуктот кој го работиме се базира на Couponing и Affiliate network бизнис моделот. Global Savings Group моментно е лидер во оваа област во светски рамки на што сме особено горди. Од ова партнерство произлегоа и неколку други помали продукти во областа на Travel Deals, Betting и ред други кои полека но сигурно го освојуваат светскиот пазар.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Почетоците беа прилично стандардни, започнавме со неколку луѓе во првиот месец (1-2 девелопери и 1-2 тестери) но набрзо, во следните неколку месеци го зголемивме тимот за уште десетина вработени.

5. Колку вработени сте сега?
Моментно во Intertec се вработени скоро 70 професионалци од сите области во ИТ индустријата.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Како што ни е и слоганот – Product Development Company, ние сме фокусирани на комплетен развој на продукти заедно со нашите клиенти и партнери. Тоа подразбира дека нашите вработени се целосно интегрирани со клиентите во делот на UX Research, User Testing, Product Management, Architecture Definition & Designs, Development, Testing, Delivery, Post Delivery Services (Customer Support & User Onboarding).

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Како што образложивме во претходното прашање, ние нудиме една палета на комплетна интеграција со нашите клиенти. Тоа е сосема различен пристап од оној класичен OutSource кој го нудат Software Development компаниите во Македонија. Работиме на градење на стратешки интегрирани тимови заедно со нашите партнери што ни овозможува успешна и долгогодишна соработка. Вработените исто така се дополнително мотивирани и ја гледаат шансата да се фокусираат и да ги усовршуваат технологиите во кои работат, а со тоа и да напредуваат во својата кариера работејќи на еден клиент.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Главен клиент моментално е Global Savings Group. Од другите клиенти би го издвоиле Salamander каде што веќе започнавме да работиме на дигитализација на нивните процеси. Другите клиенти се релативно помали компании (Startup) кои сѐ уште не се познати на нашиот пазар, но се надеваме дека истите ќе пораснат во светски фирми кои сите ке ги знаат.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Доколку имаме неограничени ресурси би отвориле универзитет, или една по сериозна академија за технологиите и сервисите кои сега недостасуваат. Мислиме дека доколку не се промени нешто многу по драстично, Македонија ќе остане поназад од европските земји со развој на квалитетен кадар во високо технолошките области како:

● Machine Learning & Artificial Intelligence
● Big Data & Business Intelligence
● Embedded Development
● Blockchain development

Ние увидовме дека покрај горе-наведедните технологии, недостасува кадар во областите: Product Management, User Experience, App/Web UI Design, Performance Marketing, Data Analysts па дури и Business Development. Тоа се кадри кои на жал ниеден од нашите факултети не ги произведува и сметаме дека доколку не се воведат нови програми истите нема да можеме да ги генерираме и нудиме на светските пазари.

10. Што ќе работи Intertec во 2023 година?
Intertec ќе работи на дигитализација на германскиот пазар каде што ќе соработува со Large Enterprises компании и заедно со нив ќе ги градат дигиталните продукти кои ќе се користат насекаде во светот.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Имаме неколку интересни факти кои би сакале да ги споделиме. Првиот е дека во три години постоење Intertec три пати ги смени своите канцеларии, а тоа се должи на брзиот раст на компанијата. Вториот интересен факт е дека повеќе од половината вработени доаѓаат со велосипеди на работа што не прави посебно горди што успеваме да влијаеме на животната средина. Третиот факт што сакаме да го издвоиме е една традиција која трае од основањето на компанијата. Секој Петок по завршувањето на работните обврски во 17:00 часот стартува нашиот така наречен “Beer O’Clock”. Пиво и грицки за сите вработени за уште една успешно завршена работна недела. :-)

Официјален сајт:
http://www.intertec.io/

Intertec на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на Intertec на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Intertec – компанија која нуди комплетен развој на продукти appeared first on IT.mk.

Интервју со Кати Ицева, одговорен менаџер за развој на софтвер во Microsoft

$
0
0

Оваа година од 7-ми до 10-ти ноември по седми пат ќе се одржи Самит Македонија2025, динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе биде и Кати Ицева, одговорен менаџер за развој на софтвер во Microsoft, која ќе биде дел од панелот за дигиталната трансформација како бизнис овозможувач (Digital Transformation as a Business Enabler). Имавме можност да разговараме со Кати за нејзината кариера во Mirosoft, како и што да очекуваме од овогодинешниот Самит Македонија2025.

Кажи ни нешто повеќе за себе, која е Кати Ицева?

Уште од мала, многу сакав математика и се натпреварував на републичко и (тогаш) сојузно ниво. Тоа ме наведе да студирам компјутерска техника и информатика на Електротехничкиот факултет во Скопје. За време на студиите бев активно вклучена во ИАСТЕ, прекрасна организација која е сѐ уште многу активна, на која и должам за богато меѓународно работно искуство за време на студиите. По дипломирање и кратко работно искуство во Македонија заминав на постдипломски студии на универзитетот Worcester Polytechnic Institute во Масачусетс, каде добив стипендија, а работев и како асистент. Потоа се вработив во Microsoft, каде повеќе од 15 години работам на креирање нови технологии и испорачување производи кои се користат ширум светот, вклучувајќи .NET Entity Framework и Power Query, технологија интегрирана во Excel. Моментално работам како Principal Software Engineering Manager во Azure Stream Analytics, скалабилен клауд сервис за аналитика во вистинско време..

Кога не работам, уживам во јога, скијање, трчање, планинарење и лизгање. Со сопругот Александар и нашите деца Филип (13) и Миа (9) живееме во Сиетл, Вашингтон.

Твоето работно искуство е навистина импресивно. Како „заврши“ во Microsoft?

За време на постдипломските студии, во период кога економијата не беше многу добра, бев единствената од универзитетот што доби летна пракса во Microsoft, делумно благодарејќи на истражувањата на кои што работев, добрите оценки, и претходното ИАСТЕ искуство.  По успешната пракса ми понудија да се вратам на постојана работа по завршување на студиите. Тоа беше остварување на мојот професионален сон. Ми даде можност да придонесувам во иновирање на најнови технологии притоа соработувајќи и учејќи од врвни експерти во индустријата. Тоа е една од главините причини што сум сѐ уште во Microsoft.

Како изгледа еден работен ден на Кати? Кои се твоите задолженија во Microsoft?

Како инженерски менаџер во Azure Stream Analytics, јас работам на имплементирање нови функции, надградба на дизајнот и визијата на сервисот, комуникација со клиентите, и напори подобро да го разберам нивното искуство и потреби, да се погрижам тимот да е целосно запознаени со инженерскиот циклус, како и да соработувам со останатите тимови од Microsoft за да се допринесе кон лесно прилагодливи продукти за нашите клиенти.

Мојот ден обично започнува со утрински состанок со мојот тим. Потоа, се информирам со активностите на тимот кој ги поддржува нашите клиенти околу светот. Остатокот од денот го посветувам на изработка на соодветна стратегија за производи, планирање и соработка со другите тимови од Microsoft, како и прегледување дизајни и кодови.

Застапеноста на жените во оваа индустрија не е на посакувано ниво, ИТ секторот сѐ уште е доминиран од мажите. Дали мислиш дека овој тренд ќе продолжи? Според тебе, на што се должи овој полов јаз?

Да, како што знаеме, жените се и тоа како недоволно застапени во технолошките компании, особено кога ќе се земат во предвид лидерските позиции. Има бројни докази за тоа како различна работна сила допринесува кон цврст морален столб и подобро функционирање на бизнисите. Охрабрувачки е тоа што, во последно време, се забележува свесноста кај технолошките компании и се преземаат напори кон правилно разрешување на оваа прашање.

И покрај ова, сметам дека можеме уште многу да направиме. За почеток, уште од раните години, можеме да ги нудиме истите можности на девојчињата како и на момчињата, и подеднакво исто да ги изложуваме децата на технолошкиот напредок и производи. Можеме да нудиме и да ги охрабруваме девојчињата да одат на кампови посветени на технологијата и образованието, за истите да не се чувствуваат како да потфрлиле во тој поглед и да им се скратени можностите при бирање кариера. Покрај ова, како дополнителна бариера, често се истакнува стереотипот дека девојчињата и жените не се по инженерски/ компјутерски науки и дека таму не им лежи интересот. Во борба против таквото нешто, беа лансирани кампањи како „Јас изгледам како инженер“ (I look like an engineer), кои ги прикажуваат жените како успешни во нивната работа, но и како мајки, модни дизајнери, или спортисти. За крај, за да ги поддржиме жените кои влегуваат во оваа индустрија, би требало да бидеме свесни за пристрасноста која би можела да произлезе од половиот јаз и да научиме правилно да го препознаваме таквото нешто, во нас, но и кај другите. Microsoft, на пример, има задолжителна обука на вработените за таканаречената несвесна пристрасност.

За сите они кои сонуваат за напредок во својата област и за работа во некоја од најголемите светски компании како што е Microsoft, на што би им препорачалa да се фокусираат за да успеат?

Постојат многу добри совети за напредување во кариерата, но би изделила 3 совети кои, сметам дека не само што се исклучително корисни, туку и се универзални и применливи за каква било кариера.

Прво, навистина помага да сте опседнати со полето во кое специјализирате или со работата која ја работите. Полесно го инвестирате вашето време и енергија во нешто за што имате вистинска страст, а и поголеми се шансите вашиот труд да вроди подобри резултати.

Второ, што и да работите, вложувајте максимум и потрудете се најдобро што можете да ги извршите вашите обврски. Дури и да не ја работите вашата омилена работа во моментот.

Последниот совет е и најважен, а тоа е да пристапувате кон работите со отворен ум и да сте отворени кон доживотно учење. Се работи за изградување став чија цел нема да е да знаете сѐ, туку да учите сѐ. Бидете отворени за нови идеи и не брзајте да ги отфрлите идеите кои се поразлични од вашите. Сево ова подразбира и дека не треба да се плашите од порази, туку да мислите што сѐ можете да научите од нив.

Ваквиот начин на размислување, кој целосно се фокусира на правилен развој, е во сржта на културата на Microsoft и сметам дека позитивно влијае на успехот на компанијата, искуството на клиентите и растот и задоволството на вработените, особено во последните години.

Доаѓаш во Македонија како еден од говорниците на Macedonia 2025, која е пораката која ќе ја испратите оваа година?

Како и секоја година, самитот ќе биде одлична прилика да се чуе за трендови во економијата, регионалните инвестиции и трговија, како и за најновите технолошки достигнувања во технологијата и здравството.

Јас ќе зборувам на панелот за дигиталната трансформација како бизнис овозможувач (Digital Transformation as a Business Enabler). Во време кога, компјутерската наука и пресметките имаат пуштено корени во сите аспекти на вистинскиот свет, од производство, финансиски услуги и сервиси, здравство, образование, нафтената и гасната индустрија, земјоделството, ова е тема која се наметнува како исклучително важна за сите бизниси и организации. Јас ќе истакнам одредени технолошки достигнувања кои допринесуваат кон обработка на податоци и вештачка интелигенција со кои што повеќе бизниси ќе можат да ги имплементираат продуктите на технолошката иновација.

Подеднакво се радувам за работите кои ќе ги споделам, но и за работите кои ќе ги научам од останатите учесници и останатите говорници.

 

Доколку сакате да учествувате, карти за самиотот може да најдете на следниот линк.


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на Самит Македонија2025.

The post Интервју со Кати Ицева, одговорен менаџер за развој на софтвер во Microsoft appeared first on IT.mk.


Интервју со Горан Коцов, водечки уметник за визуелни ефекти во Industrial Light and Magic, студиото за анимација и VFX на Lucas Film

$
0
0

Сакаме да слушаме успешни македонски приказни и секогаш кога ја имаме можноста, истите сакаме да ви ги пренесеме и на вас. Ја имавме можноста да го запознаеме Горан Коцов, македонец кој живее во Сингапур и работи во Industrial Light and Magic, студио за анимација и VFX основано од Џорџ Лукас и дел од филмската продукциска компанија Lucas Film. Да, да, тooој Џорџ Лукас.

Портфолиото на Горан е навистина импресивно, од предавач за визуелни ефекти на универзитет во Шведска, до супервизор за визуелни ефекти во Vertigo Visual, до моментално водечки уметник за визуелни ефекти во Industrial Light and Magic. На што сѐ има работено во неговата кариера може да видите на неговиот IMDB профил, на кој ќе најдете наслови како X-Men: Days of Future Past, Ready Player One, Transformers: Age of Extinction, Angels & Demons, Dark Shadows, Argo, Warcraft: The Beginning, The Maze Runner, Aquaman и многу, многу други блокбастери.

Како ја започнал својата кариера, какво било чувството кога Стивен Спилберг гледал сцена на која што работел и на што работи Горан во моментов, прочитајте во интервјуто.


Во твои зборови претстави се на нашите читатели, кој е Горан?

Од надвор, Горан е 41 годишен човек кој, и покрај тоа што не е атлетски граден, константно работи на случајот. Од внатре, тој е чуден продукт на виулица од гиковски влијанија и магнет за уметност преточена во интерактивна забава; луд научник кој нема никакви проблеми целосно да се изгуби во жонглирање на единиците и нулите и татко кој ужива да си игра со неговиот син, во паркот, или во базенот. Ах, да, тој исто така живее во Сингапур со неговата жена Маја и синот Огнен, каде работи како водечки уметник за визуелни ефекти во Industrial Light and Magic, најстарата и една од најдобрите компании за визуелни ефекти во светот. Горан би одел еден чекор напред и би кажал и дека е најдоброто студио, но не би сакал да биде виден како пристрасен.

Како ја започна твојата кариера во оваа индустрија? Дали очекуваше дека еден ден ќе се најдеш себеси како работиш на најголемите блокбастери?

Во раните 2000, сосема случајно наидов на првиот број на 3D World magazine и, од тој момент, инстантно се вљубив во уметноста и науката зад визуелните ефекти и компјутерската графика. Првенствено, мојот фокус беше на техничката страна на индустријата, развивање алатки и плагини и работење со неколку компании за рендерирање софтвер. На времето, соработував со компании кои не се плашеа да запливаат во непознати води и давав предлози и за нови функции, можности за нивна имплементација, пронаоѓање багови, и решенија за истите. Една од тие компании е сѐ уште активна, а софтверот за рендерирање кој го користев на времето – 3Delight – моментно се смета за еден од најпопуларните енџини за рендерирање на пазарот. Другиот беше купен од Nvidia, што е и причината поради која една од моите слики се појави на нивните маркетинг материјали, за нивните Geforce FX карти и за револуционерната CineFX архитектура.

Првиот голем пробив се случи во 2008 година кога работев како супервизор за визуелни ефекти во Vertigo Visual, на времето, едно мало македонско студио за визуелни ефекти. Сопственикот на студиото Vertigo, Јовица Пановски и јас веќе подолго време сонувавме да работиме на визуелни ефекти на најголемите холивудски блокбастери. По неколку годишно посетување конференции за визуелни ефекти и компјутерска графика, конечно ја добивме приликата да направиме неколку работи за првиот Twilight филм, кој произлезе дека е огромен хит, го почна серијалот и спечали тони пари. По Twilight, константно бевме преплавувани со топ проекти и се најдовме во ситуација каде работевме на блокбастер филмови како Transformers: Age of Extinction и Captain America: Civil War.

По 8 години во Vertigo и неколку години предавање на темата за визуелни ефекти во Jönköping универзитетот во Шведска, станав решен да ризикувам и да си ја пробам среќата во големата лига… а, плафонот на таквото нешто, е со Industrial Light & Magic. Вториот пробив се случи во 2015 година, кога ми се пружи можност да работам на Warcraft во сингапурската канцеларија на ILM. Од тогаш сум таму и уживам во апсолутно секоја минута од мојот престој.

Како изгледа работата на филмови како Solo: A Star Wars Story, Captain America: Civil War, Ready Player One, Rogue One: A Star Wars Story, и слично? Колку се големи тимовите кои работат на вакви блокбастери?

Неверојатно искуство е да се работи на проекти со легендарни режисери како Стивен Спилберг и со ветерани, иако подобриот термин можеби би бил волшебници, во индустријата на визуелни ефекти, како Роџер Гајет, Роб Бредау и Скот Фарар. Навистина неверојатно искуство. Еден од најдобрите моменти беше кога Стивен Спилберг прегледуваше една исклучително комплицирана сцена за филмот Ready Player One. На таквото нешто работев веќе подолго време и немам зборови за тоа како се чувствував кога го слушнав како вика: „Ова е одлично! Ова е навистина супер!“. Се најдов себеси како правам цел круг, од детето кое порасна гледајќи ги ремек делата на Спилберг низ седумдесеттите, осумдесеттите, и деведесеттите па сè до моментот кога со истата радост и возбуденост допринесувам кон уште еден филм кој тој го режисира.

Во исто време, она што е уште поневеројатно е самиот ILM тим и начинот на кој апсолутно сите, од почетници до ветерани, допринесуваат кон заедничка соработка и иновација. Да се работи со визуелни ефекти е исклучително магично нешто каде не треба да се плашите дека ќе ја утнете работата и ќе погрешите. Во повеќето ситуации, ќе се најдете како почесто грешите отколку што ќе успеете во намерата, што е сосема нормално. На крајот од денот, главната цел на уметникот за визуелни ефекти е не да го направи најреалистичниот ефект или да создаде најкомплексна сцена од техничка гледна точка. Целта е да раскаже приказна и емоционално да ја приврзе публиката со она што се случува на екранот.

Иако самиот процес е многу структуриран и организиран, сепак има многу слобода преку целата таква структура. Големината на тимот зависи од работата, но обично се движи од 50-60 луѓе за помали проекти, а од скоро илјадници, па и повеќе луѓе за навистина големи проекти. Како и со каков било комплексен проект, овие филмови се организми кои постојано еволуираат, така да она што публиката гледа во кината обично ја зазема таквата форма во последните недели, или денови пред самата премиера.

Како изгледа еден ден во канцеларија за тебе? На што работиш во моментот?

Во канцеларија, обично поминувам од 8 до 9 часа. Започнувам некаде помеѓу 8 и 9 часот наутро, а си заминувам помеѓу 6 и 7 напладне. Поголемиот дел од времето го посветувам на состаноци, дискусии и прегледи на моментната состојба на изработеното (наспроти како би можело да звучи, сево ова е крајно интересно). Останатиот дел од денот е посветување на вистинската работа, како и наоѓање време на развивање на алатките.

Што се однесува до проектот на кој работам во моментот, само што си ги завршив моите обврски со Aquaman и полека почнувам на нов проект кој, моментно, се држи во тајност и за кој, за жал, не би можел да кажам ништо повеќе.

Кои алатки и апликации ги користиш?

Користиме комбинација од апликации, некои од нив се во сопственост на ILM (интерната алатка која ја користам секојдневно се вика Zeno и е најверојатно најдобрата 3D апликација која имам користено), а други алатки се Maya, 3ds Max, Katana, Nuke, како и неколку други кои се проширени со интерни скрипти и плагини.

Визуелните ефекти се менуваат и подобруваат со забрзано темпо, особено во последниве неколку години. Како излегуваш на крај со најновите трендови?

На дневно ниво, секогаш посветувам 15 до 30 минути (обично и цел час) така што читам VFX содржини на најразлични сајтови, форуми, списанија, или книги. Понекогаш, го правам тоа само за да видам што има ново за денот. Во некои други ситуации, длабоко навлегувам и учам за нови вештини и техники од некоја книга или видео туторијали. Со колкава брзина напредува VFX индустријата, мора да сте постојано во тек; во спротивно, ја ризикувате истата судбина како и самите диносауруси, и се поставувате на чекор од изумирање.

Од сите филмови на кои имаш работено, на кој филм беше најзабавно да се работи, а кој беше најпредизвикувачки?

Тоа е исклучително тешко прашање затоа што секој филм на кој имам работено се одликуваше со пакет од предизвици и забава. По некое непишано правило, што попредизвикувачки е филмот, толку е позабавен. Кога веќе би морал да бирам, претпоставувам дека би одел со Solo и Ready Player One. И двата беа навистина забавна комбинација од креативни и технички предизвици, проследени со тимска соработка и надгледување кои наметнува потреба и за барање решенија и за развивање нови алатки и техники. Од истите тие причини, на второ место би ги ставил The Great Wall и Warcraft.

Кој е твојот омилен филмски серијал?

Знам дека е малку клише, особено бидејќи работам во ILM, но нема бегање од вистината. Мојот омилен серијал почнува со: “A long time ago in a galaxy far, far away…😉

The post Интервју со Горан Коцов, водечки уметник за визуелни ефекти во Industrial Light and Magic, студиото за анимација и VFX на Lucas Film appeared first on IT.mk.

ФИТР грантови: Иновејшн Дооел –од софтвер за изборни процеси до софтверски потпомогнати медицински средства

$
0
0

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигаат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти… Доколку е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Иновејшн Дооел е основана во 2006-та година. Се занимававме со развој на нови софтверски продукти, вклучувајќи специјално наменет софтвер за изборни процеси, раководење со документи, сервиси во облак и веб апликации. Во последните три години нашиот фокус е кон развој на софтверски потпомогнати медицински средства. Во компанијата моментално работат четири постојано вработени, и се ангажираат уште десетина други експерти за одредени области.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Се работи за иновативен проект Глуко со идеја да се создаде не-инвазивен метод за мерење глукоза преку следење на ЕКГ со нослив мобилен сензор. Во претходниот наш проект ЕЦГалерт, кој исто така беше финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој, ние развивме комплетна платформа која ја следи работата на срцето и идентификува повеќе типови на аритмија, вклучувајќи и одреден тип на срцев удар. Нашиот софтвер може да го открие благовремено, а потоа и да создаде аларм за докторот да ја погледа ситуацијата и да донесе одлука за критичноста на откриениот тип на аритмија. Во текот на скоро три-годишниот развој на овој проект, од кои само две години се кофинансирани од фондот, при развојот на софистицирани алгоритми за детекција на облиците на ЕКГ сигналот, вклучувајќи откривање на типот на срцевото чукање и карактеристики на срцевиот ритам со комплексно дијагностицирање, ние откривме зависност помеѓу нивото на глукоза и ЕКГ сигналот. Ова беше основа за иницирање на нов проект, каде ќе се обидеме да создадеме нова метода за не-инвазивно мерење на глукоза.

Колку време и до кој степен на развој е проектот? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Проектот е во најрана фаза на технолошки развој, идентификувана според стандарди како фаза 2 на технолошка подготвеност (techology readiness level), кога се познати основните принципи и е формулиран концептот на технологијата. Во рамки на проектот, ќе се изработуваат активности за експериментален доказ на овој концепт, проверка на технологијата во лабораториски услови и релевантна средина стремејќи се кон нивото 6 на технолошка подготвеност со демонстрација на технологијата во работна оперативна средина. Проектот ќе биде ко-финансиран од фондот во рок од две години.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Финансиската поддршка за проектот од страна на фондот е значителна и изнесува 70% од предвидената вредност за две годишен развој. Со оглед на големиот број непредвидени трошоци што се јавуваат во текот на научно истражувачката работа и развојот на продуктот, кое се очекува да биде и подолго од три години, а посебно во фазата на комерцијализација, кога треба да се обезбедат услови за пласман на продуктот, трошоците ќе нараснат многу повеќе. Инаку средствата од проект ко-финансиран од фондот се наменети само за потпомагање на развој на иновативно решение.

Дали производот/услугата што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Производот се предвидува за поширок светски пазар, не е наменет специфично за Македонија, туку за поширока јавност во светски размери.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?

Овој продукт, како и нашиот претходен продукт припаѓаат во групата на медицински средства. Секое медицинско средство за да се појави на пазарот мора да се сертифицира според високи светски стандарди од специјализирани тела за сертификација при Европската Унија или Америка, каде се проценува ризикот за штета кон крајниот корисник. Ова дополнително го пролонгира развојот на продуктот и почетокот на комерцијализација, односно ги зголемува трошоците за крајниот продукт.

The post ФИТР грантови: Иновејшн Дооел – од софтвер за изборни процеси до софтверски потпомогнати медицински средства appeared first on IT.mk.

Интервју со Керолин Спенсер од Amazon: „Во Македонија имате многу добри стартап идеи“

$
0
0

Пред некое време ја запознавме Керолин Спенсер. Керолин работи во Amazon, а во Македонија се најде преку Swiss EP програмата, дојдена во Скопје како EiR (Enterprenuer in Reidence) за да работи со македонскиот стартап еко систем. Своето знаење од Амазон и Силиконската Долина таа имаше шанса да им го пренесе на македонските претприемачи и основачи на стартапи.

Керолин ја почнала својата работа во Amazon во секторот за маркетинг, за подоцна да сфати дека повеќе ја интересира истражувањето на корисници преку кое може подобро да ги разбере проблемите на корисниците за потоа да може да го интегрира гласот на корисникот во развојот на продукти во Amazon.

„Секогаш разговараме со клиентот и сите проблеми или подобрувања ги прилагодуваме на најсоодветен начин врз основа на нивните повратни информации,“ – вели Керолин.

Какво е твоето досегашно искуство во Македонија? Кое е твоето мислење за стартап сцената тука?

Она што го приметив е дека луѓето имаат навистина добри идеи. Тука сум ограничено време, но од она што го видов е дека има навистина добри и многу различни идеи од она што го гледам кај нас. Ми се допаѓа и фактот што тука повеќето луѓе размислуваат кон дигитализација.

Она што ме изненадува и радува, е дека големите компании и корпорации сакаат да работат со луѓето од стартап екосистемот. Мислам дека тоа е одлично и дека треба да биде случај во повеќето компании. За корпорациите е потешко да размислуваат агилно и да размислуваат од таа стартап перспектива. Затоа мислам дека е добра можност и за двете страни, големите компании од една и стартапите кои имаат нови и иновативни идеи од друга страна, доколку се оствари соработка.

Дали е ова и случај во Америка? Од она што си го видела, дали постои соработка помеѓу големите компании и стартап екосистемот таму?

Би рекла дека не постои некоја голема соработка. Мислам дека некои работи повеќе се прават за поголема ПР изложеност, отколку за вистински развој на стартап екосистемот. Според мене компаниите треба повеќе да ги охрабруваат студентите и луѓето кои работат во тоа поле повеќе да размислуваат и да иновираат бидејќи тоа може да биде од корист за сите.

На ова се надоврза и Нина Николиќ, претставник на Swiss Contact програмата во Македонија, која има искуство во работење и развој на македонскиот стартап систем, како и искуство во работа со интернационални стартапи, во овој случај во Америка.

„Од она што го видов додека бев таму, е дека големите компании спонзорираат и организираат настани. Но, кога станува збор за вклучување на стартапите во работата, тоа не е случај“, – вели Нина.

Темата за полова нееднаквост сѐ уште е многу актуелна. Како е да се биде жена во тој tech свет? Дали постои полов јаз во Amazon?

Скоро во секоја поголема компанија за технологија половиот јаз постои, тоа е веќе добро познато, па и Amazon го следи овој тренд. Но, ние се трудиме да го намалиме тој полов јаз.

Со кои предизвици се среќаваш во работата? Кои проблеми се дел од твоето секојдневие во Amazon?

Мислам дека како и повеќето, менаџирање со времето и поставување приоритети. Во Amazon секогаш треба да размислуваш на долг рок, но и да ги испланираш чекорите како да стигнеш до таму и да реагираш брзо. Предизвикот кога треба да реагираш брзо е што можеш и полесно да згрешиш.

Во Amazon тимовите се навистина големи, па споделувањето на идеи исто така може да биде предизвик, како и иновативноста и располагањето со доволно време за размислување на нови идеи. Во Amazon тимовите се поделени според продукти или услуги, може да имате тим од околу 400 вработени кои работат на иста задача, што сепак е голем број. Затоа некогаш навистина е голем предизвик да се работи и размислува агилно и да се направи најдобриот продукт или услуга за корисниците на брз и најдобар начин, што за мене може да биде проблем бидејќи сум перфекционист. :)

Што би им препорачала на младите кои сега почнуваат да ја градат својата кариера?

Споделувајте ги своите цели со другите, доколку јас не ја споделив мојата желба за патување и работа со стартапи со Нина, можеби никогаш немаше да се најдам тука.

Секогаш имајте доверба во себе и останете позитивни.

За крај, можеш ли да одвоиш еден омилен продукт од Amazon?

Би рекла дека тоа е Alexa, иако тоа е сервис. За мене тоа е навистина интересно и возбудливо и мислам дека има голем потенцијал за развој. Посебно за постарите луѓе кои немаат вештини за ракување со технологија, може многу да им помогне. Пример, јас често ја користам Alexa за да и се јавам на мојата баба која е стара и не знае да користи технологија.

The post Интервју со Керолин Спенсер од Amazon: „Во Македонија имате многу добри стартап идеи“ appeared first on IT.mk.

Александар Убавков од Musala Soft: „Работата во физички дистрибуирани средини е предизвикувачка„

$
0
0

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на Meet the Masters by Muffin Conference 2018.


Meet the Masters by Muffin е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Musala Soft. Настанот секоја година има за цел да обедини софтверски инженери, ИТ професионалци и предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).

Ова беше причина повторно да зборуваме со Александар Убавков, сега регионален менаџер на Мусала

Работиш како Regional Manager на Musala Soft, може ли да ни кажеш повеќе за твоите задолженија и задачи?

Моите задолженија како Регионален Менаџер на Мусала Софт е претставување на интересите на компанијата во регионот, како највисоко ниво на локален менаџмент. Стратешка синхронизација и спроведување на мисијата на локално ниво во регионот, како дел од визијата на Мусала Софт на глобално ниво. Анализа, оптимизација и реализација на стратешките определби на компанијата.

Кои се вообичаени таскови во текот на еден ден? Како изгледа твојот работен ден?

Како менаџер моите одговорности се распределени во сите вертикали на компанијата со цел на супeрвизија за успешно спроведување на локално ниво. Доколку би требало да ги набројам, тоа би било оперативен и финансиски менаџмент, корпоративни релации, талент и репутациски менаџмент на локално и глобално ниво и комуникација со клиенти. Земајќи во предвид комплексноста на работење на компанијата, моето внимание на дневна основа го насочувам таму каде што во моментот има најголема потреба од него. Секако, поради големиот обем на горенаведените активности, планирањето на своето секојдневие го правам на неделна и месечна основа. Состаноците се еден дел од активностите кои се повторуваат неделно, додека пак, секогаш имам време за ад-хок активности кои излегуваат непланирано.

Твоето резиме е навистина богато од Програмер, Дизајнер на игри, Проектен координатор, до Софтвер продукт менаџер итн. Колку тоа ти помага во сегашната позиција како Регионален менаџер?

Мислам дека ова не би им било чудно на луѓето кои ме познаваат. Од пасија за компјутерски игри и компјутери до програмирање, во комбинација со моето високо образование во компјутерски науки и огромна љубопитност во сите области во една ИТ компанија, е резултат на она што го работам денес. Според мене токму оваа диверзификација ми помогна да имам успех во она што го работам. Моите убедувањa за успешно да се менаџира еден процес или работа апсолутно е неопходно да сте запознаени со работата и да сте се нашле од другата страна! Да се биде успешен менаџер, пред се треба да се биде успешен работник.

Musala има тимови на повеќе локации, колкав и каков предизвик е да се координираат овие тимови? Дали користите некои алатки за подобра координација на тимовите?

Работата во физички дистрибуирани средини е доста предизвикувачка, но исто така природно нешто кога станува збор за софтверски сервиси. Ние како компанија што долги години сме во овој бизнис, имаме разработено многу алатки како и стратегии за совладување на физичката бариера и подобрување на работењето на различни локации, особено кога станува збор за дистрибуирани тимови. Комуникација и синхронизација се двете нешта на кои најмногу треба да се внимава во физички дистрибуираните работни околини. Токму заради ова ве уверувам дека ние како компанија правиме значителни инвестиции во ИТ и телекомуникациската инфраструктура, која придонесува за намалување на празнината што се создава од дистрибуирана работа. Како дополнително, ги охрабруваме колегите да патуваат меѓу локациите на компанијата и да поминат време физички на едно место, организираме бројни активности како работилници и „Team Building“ настани кои имаат позитивен ефект на работа на различни локации.

Кои се поспецифични предизвици за координирање на тимови кои работат на растојание?

Од мое искуство, би рекол дека споделувањето на информација и еднаква инволвираност на целиот тим е најголемиот предизвик особено за новоформирани тимови доколку станува збор за луѓе кои претходно немаат историја на заедничка работа. Комплексноста се зголемува со зголемување на бројот на физичките локации и диверзификација на природата на работата која се прави од различни членови на тимот. Но како што кажав претходно ова е секојдневие во ИТ индустријата. Како се справуваме со ваков тип на предизвици? Тука би сакал да ги поканам сите заинтересирани да дојдат на „Meet the masters by MUFFIN“, конференција на која заеднички би дискутирале на оваа и многу други теми за доставување на софтверски решенија – панел за дискусија, предводена од менаџерскиот тим на Мусала Софт.

И оваа година Musala ја организира Meet the Masters by MUFFIN конференцијата од која и ќе бидете дел. Што може да очекуваме на овогодинешната Meet the Masters by MUFFIN конференција?

Како што веќе спомнав предходно, јас и колегите од менаџментот на компанијата, Делјан Лилов – CEO и Роберт Павлов – Delivery Manager ќе го предводиме панелот за дискусија на тема „Top Software Delivery pitfalls and how to tackle them!“. На мое особено задоволство на овогодинешната конференција, почесен гостин ќе го имаме Peter Kriens кој е еден од предводниците на OSGi, технологија што овозможува многу ефикасен програмски модел за Java апликации. Peter ке има презентација од областа на IoT(Internet of Things), дел од ИТ што зема огромен замав. Дополнително на конференцијата ќе можете да чуете повеќе за декларативно програмирање, автоматизирање на физичка реакција за IoT како и да присуствувате на дебата за две паралелни технолошки вертикали Java (Oracle) и .Net (Microsoft). Ви ветувам интересна и исполнета сабота!

Се гледаме на Meet the Masters by MUFFIN на 17.11 во City Hall Center!

The post Александар Убавков од Musala Soft: „Работата во физички дистрибуирани средини е предизвикувачка„ appeared first on IT.mk.

ИТ Кариера профил: Алекс Орозко од AWS

$
0
0

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Моите обврски секогаш се менуваат, една од големите предности да се работи како софтверски инженер е тоа што мора да сте спремни за било што, од вложување напори да се финализира некој проект, преку осмислување имплементација за нов проект, па сè до усогласување со други тимови и заедничка соработка. Во некои други ситуации, потребно е да се тестира софтвер и да се пронајдат пропусти и начини за нивно искоренување. Во моментов, меѓутоа, работам во тимот за предвидување на AWS сервиси. На неделно ниво, ние сме одговорни за одржувањето и градењето на софтверот и предвидување модели во склоп на потребите за облакот. Во суштина, доколку некогаш сте наишле на проблеми со хардверот во AWS, па, тоа е моја вина. 😂

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

 

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Почнав сам да учам кога имав околу 17 години. Во последната година од моето средно образование, се фокусирав на унапредување во компјутерска наука (Advanced Placement Computer Science). Пред да започнам со факултетски студии, се занимавав со развој на веб неколку години. Кога наполнив 21 година, решив да одам на факултет и да го заработам мојот BS in CS. BS значи Bachelor of Science (диплома за наука), а CS значи Computer Science (компјутерска наука), но, ќе се сложите дека BS in CS звучи дефинитивно посмешно, хаха.

4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?
Во последно време, не сурфам толку често, освен ако не барам решение за некој проблем или пак ако сакам да патувам некаде. Би морал да кажам:
4.1 Stack Overflow
4.2 Amazon Web Service
4.3 Expedia
4.4 Google

ииии куп други интерни веб сајтови кои не би можел да ги откријам.

5. Кој е твојот омилен technology stack?
Мислам дека немам омилен tech stack! Секако, омилени ми се оние со кои сум запознаен, но навистина зависи од она што сакам да постигнам. Ако сум на хакатон и сакам набрзинка да осмислам едноставен сервер, би одел со Flask. Ако, пак се работи за подолготраен проект чија основа треба дополнително да се билда, тогаш би користел Java.

6. Омилена алатка/софтвер?
Од неодамна станав огромен фан на tmux! Се работи за алатка со команди која е исклучително динамична! Замислете табови, прозорци и панели во прозорец со само една линија за команда! Се работи за одлична алатка за одржување сервиси за тестирање и локално управување со нив, без да се грижите за нивниот PID (Process Identification Number).

7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Би сакал да споделам нешто што беше кажано од мојот професор по компјутерска наука. „Вреди да се биде софтверски инженер затоа што луѓето буквално ви плаќаат за вашиот мозок. Како вие ќе им пристапите на проблемите и какви решенија ќе осмислите за тие проблеми. На луѓето им е исклучително важно како вие размислувате. Најдоброто од сè е тоа што, во повеќето ситуации, нема „најдобро“ решение и сè се сведува на тоа колку сте вие креативни и што сакате со вашите решенија!“. За мене, овие зборови многу значат! Исто така, би сакал да кажам дека никогаш не е доцна! Јас започнав кога имав 17 години, но имам колеги кои се втурнале во оваа индустрија кога имале триесетина години, некои дури започнале во нивните четириесетти.

8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Пријатели, софтверот е уметничка форма. Тоа што процесирањето е подобро, не значи дека ние треба да сме невнимателни во нашиот занает. Стремите се да бидете одлични софтверски инженери!

9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е најверојатно во тоа што може да направи вештачката интелигенција во Javascript framework. Шега на страна, исфрлете го вториот дел од мојата горна реченица и најверојатно одговорот со кој би останале не би бил далеку од вистината. хаха!


The post ИТ Кариера профил: Алекс Орозко од AWS appeared first on IT.mk.

Viewing all 396 articles
Browse latest View live